Израелската армија разнесе две куќи и уништи патишта и водоводни цевки во Џенин, на окупираниот Западен Брег, соопштија денеска локални извори.
Loading...
Нападот врз Џенин и бегалскиот камп во градот трае повеќе од 12 часа, јави Алџезира.
Куќите се наоѓаат во населбата Ад-Дамј.
Десетици оклопни воени возила и најмалку четири булдожери синоќа во 20:30 влегле во Џенин.
Уапсени се најмалку 20 лица, меѓу кои и членови на семејства на Палестинци опишани од Израел како „потрагани“.
Медицинските власти соопштија дека најмалку шест лица се ранети, меѓу кои и две деца.
Истовремено, израелските сили ги блокираа влезовите во двете главни болници и за кратко во третата, пренесува Танјуг.