Израелски генерал: Подготвени сме да го нападнеме Хезболах доколку направи грешка

Сподели со своите пријатели

Шефот на Северната команда на израелската армија, генерал-мајор Ори Гордин изјави дека неговите единици „агресивно“ ќе го спроведат договорениот прекин на огнот со Хезболах.

Loading...

Гордин најави дека не очекува либанската милитантна организација да се врати во пограничните области, но „ако згрешат, тоа ќе биде голема грешка, а ние сме подготвени да извршиме напад и да се вратиме во борбата“.

Тој рече дека „моќните удари врз ракетните системи на Хезболах значително ја намалија неговата борбена способност“, пишува „Тајмс оф Израел“.

„Го вративме Хезболах многу години наназад и ова значајно достигнување, сериозната штета на Хезболах овозможува сосема поинаква слобода за донесување одлуки и управување со оваа кампања во иднина“, рече Гордин во видеото објавено од израелската војска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Амнести интернешенал го обвини Израел за геноцид врз Палестинците во Газа

60-дневниот договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах, кој беше со посредство на Америка и Франција, стапи на сила во средата во 4 часот по локално време, пренесува Танјуг.