Израелската влада го одобри планот за прекин на огнот со Хамас

Сподели со своите пријатели

Израелската влада синоќа по полноќ одобри план за прекин на огнот со Хамас кој предвидува ослободување на заложниците кои се држат во Газа во замена за палестинските затвореници.

Loading...

„Владата го одобри планот за ослободување на заложниците“, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

„Планот за ослободување на заложниците ќе стапи на сила во недела, 19 јануари 2025 година“, се додава.

Советот на министри го одобри планот и покрај противењето на екстремно десничарските министри.

Хамас веќе објави дека ги прифатил условите од договорот и се обврзува да ги почитува.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали Трамп ќе го промени договорот за прекин на огнот во Газа по преземањето на функцијата?