Израелската армија го блокираше влезот во болницата во Џенин

Сподели со своите пријатели

Меѓународниот претседател на Лекари без граници (MSF), Христос Кристоу, изјави дека двајца Палестинци загинале откако израелски воени возила го блокирале влезот во болницата во Џенин, не дозволувајќи им пристап на пациентите.

Loading...

„Два часа не можевме да им пружиме помош на луѓето и тие не можеа да стигнат до нас бидејќи израелските воени возила го блокираа влезот во болницата и патот, спречувајќи минување на возилата на брзата помош. Двајца Палестинци починаа од повредите бидејќи брзата помош не можеше да стигне нив“, напиша Кристоу на социјалните мрежи, пренесе Си-Ен-Ен.

  „Ова мора да престане“

Кристоу рече дека бил во посета на тим на Лекари без граници во болницата Калил Сулејман во Џенин, на окупираниот Западен Брег, кога израелската армија извршила рација во бегалскиот камп Џенин.

„Ова мора да престане. Пациентите треба да имаат пристап до здравствена заштита во секое време. Нема ништо полошо за лекарот од тоа да не може да им помогне на оние на кои им е потребна медицинска нега“, рече тој.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) вчера соопштија дека во Џенин траат судирите.

„ИДФ спроведува контратерористички активности во областа“, соопшти ИДФ, додавајќи дека нема да дава дополнителни детали додека не завршат операциите.