Израел присвоил рекордна површина на палестинска територија

Сподели со своите пријатели

Израел прогласи површина од 1.270 хектари на Западниот брег на реката Јордан за „државно земјиште“, што е рекордна површина на палестинска територија во последните 30 години, која истовремено беше признаена како државна земја на Израел, според израелската организација за права „Шалом Ашхав“ („Мир — сега“).

Loading...

Во соопштението на оваа организација, која ги следи активностите на израелските доселеници на Западниот Брег, се посочува дека израелската практика на прогласување на територии за национални е „еден од основните методи со кои државата Израел настојува да ја консолидира контролата врз делови од окупирани територии“.

Организацијата исто така нагласи дека израелските власти оваа одлука ја донеле на 25 јуни, но дека таа официјално била објавена дури на 3 јули.

Земјиштето кое е прогласено за држава повеќе не се смета за приватна сопственост на Палестинците.

Тие се лишени од можноста да ја искористат.

„Покрај тоа, Израел ќе изнајмува државно земјиште исклучиво на Израелци“, се вели во соопштението.

Во него се наведува и дека значителен дел од оваа територија од 1.270 хектари која беше прогласена за државно земјиште „претходно беше дефинирана како национален парк и пожарна зона за воена употреба“, а со прогласувањето на „оваа област за државна“ завршува процесот на „израелско освојување“ на оваа територија.

Активноста на израелската населба на Западниот Брег е еден од главните проблеми во односите на Ерусалим со меѓународната заедница и со палестинските власти.

Loading...

Дополнително, овие чекори претставуваат една од пречките во потрагата по мир со Палестинците, кои таквото проширување го доживуваат како политика на консолидација на еврејската држава на освоените територии.

Палестинците, како дел од процесот на мирно решавање на конфликтот со Израел, кој сега е суспендиран, бараат идните граници на двете држави да бидат во границите што постоеја пред Шестдневната војна во 1967 година, со можна размена на територии.

Тие се надеваат дека ќе создадат своја држава на Западниот брег на Појасот Газа и сакаат источен Ерусалим да биде нивен главен град.

Израел одбива да се врати на границите од 1967 година, особено да го сподели Ерусалим со Палестина, која веќе ја прогласи за вечна и неделива престолнина, пренесува Спутник.