Израел ја нападна сириската воена инфраструктура, тврди дека ја користеле Хезболах

Сподели со своите пријатели

Борбени авиони на израелските воздухопловни сили денеска ја нападнаа сириската воена инфраструктура во близина на граничните премини меѓу Сирија и Либан, за кои израелските одбранбени сили (ИДФ) велат дека Хезболах „активно“ ги користеле за пренос на оружје.

Loading...

„Овој напад беше извршен по идентификацијата на трансферот на оружје на Хезболах од Сирија во Либан, дури и по договорот за прекин на огнот, и претставува закана за државата Израел, поради прекршување на условите на прекинот на огнот“, се вели во соопштението на израелската армија, објави „Тајмс оф Израел“.

ИДФ го обвинува Хезболах дека користи цивилни гранични премини за шверц на оружје во Либан со поддршка на сирискиот режим.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Борел: Го напуштам Брисел фрустриран затоа што не успеавме да го запреме масакрот во Газа

Израел вети дека ќе спречи трансфер на оружје за Хезболах за време на прекинот на огнот.

ИДФ ќе продолжи да дејствува за да ја елиминира секоја закана за државата Израел што ги прекршува условите од договорот за прекин на огнот, додаде војската.

Прекинот на непријателствата меѓу Израел и Либан, со посредство на САД и Франција, стапи на сила на 26 ноември.

Договорот опфаќа примирје за 60 дена, со надеж дека ќе биде продолжено како траен прекин на непријателствата.