Израел им се заканува на Хутите и Иран, Техеран најави контранапад

Сподели со своите пријатели

Одговорноста за нападот врз аеродромот „Бен Гурион“ ја презедоа Хутите, бунтовници кои се поддржани од Техеран и контролираат големи делови од Јемен.

Loading...

„Го погодивме аеродромот „Ген Гурион“ со хиперсонична балистичка ракета која успешно ја погоди целта“, рекоа Хутите, кои редовно испраќаат ракети кон Израел во име на одбрана на Палестинците во Газа.

„Нападите на Хутите доаѓаат од Иран. Израел ќе одговори на (овој) напад на Хутите… И во време што му одговара и на место што ние ќе го избереме, против нивните ирански терористички господари“, рече Нетанјаху, кој најави состанок на кабинетот за безбедност за недела навечер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хутите најавија сеопфатна воздушна блокада на Израел и напади врз израелските аеродроми

„Дејствувавме против нив во минатото и ќе дејствуваме и во иднина… нема да биде само еден „бум“, туку ќе има многу“, рече Нетанјаху.

Ова е прв пат ракета директно да погоди област во рамките на периметарот на аеродромот, изјави за АФП портпарол на израелската војска.

Иран: Ќе возвратиме ако Израел или САД нападнат

Иранскиот министер за одбрана Азиз Најсрзаде изјави во неделата дека Техеран ќе возврати доколку има напад од САД или Израел врз Иран, одговарајќи на ветувањето на Нетанјаху за одмазда против Иран.

„Доколку оваа војна ја иницираат САД или ционистичкиот режим, Иран ќе ги нападне нивните интереси, бази и сили – кои и да се тие и кога и да се смета за потребно“, изјави Насирзаде за иранската државна телевизија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран: Ќе возвратиме ако Израел или САД нападнат

Насирзаде рече дека Хутите дејствуваат според сопствените мотивации, што е официјален став на Иран.

Loading...

САД ги напаѓаат упориштата на Хутите во Јемен од 15 март, а американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе го смета Иран за одговорен за сите напади што ги извршува групата.

Иран не е „непријателски настроен кон соседните земји“, но во случај на напад, Техеран ќе ги смета американските бази лоцирани во регионот како цели, рече Насирзаде.