Израел го нападна Иран и покрај барањето на Трамп, Техеран возврати (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Израелската армија го потврди лансирањето воздушни напади врз иранските петрохемиски постројки во југозападниот дел на земјата.

ИДФ во соопштението наведе дека израелските воздухопловни сили погодиле „неколку цели“ во петрохемискиот комплекс во областа Махшахр, а дополнителни детали ќе бидат објавени подоцна, објавија хебрејските медиуми.

Израел возврати на иранските напади иако американскиот претседател Доналд Трамп побара од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „да се воздржи од одмазда за иранскиот ракетен оган во неделата“, пишува „Тајмс оф Израел“.

Како што пренесуваат и израелските медиуми, болниците во оваа земја „се движат под земја, а училиштата се затворени поради страв од понатамошни ракетни напади“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: Јас ги носам одлуките, Нетанјаху ќе мора да го прифати договорот

 

 

Иран тврди дека извршил успешен напад

Иран тврди дека ги погодил израелските воздушни бази Неватим и Тел Ноф додека двете страни разменувале оган.

„Операцијата беше спроведена како одговор на ракетниот напад лансиран од ционистичкиот режим… на неколку радарски локации на три различни места во Иран“, се вели во соопштението на Револуционерната гарда на земјата.

ИДФ утрово објави дека ги соборила сите ракети што Иран ги лансираше кон Израел.