Во израелски воздушен напад погоден е сирискиот аеродром во Алепо и причинета е „материјална штета“, објави сириското Министерство за одбрана на Фејсбук.
Во третиот напад на аеродромот во Алепо во изминатите шест месеци, „Израел истрела неколку проектили од Средоземното Море, западно од крајбрежниот град Латакија, утрово во 3:55 часот“, се вели во соопштението на сириското министерство, пренесува Ројтерс.
Од 2011 година, Израел, кој јавно не го објави нападот, изврши стотици воздушни напади врз цели во Сирија контролирани од владата и вооружените групи како Хезболах, кој е поддржан од Техеран, но ретко ги признава или зборува за операциите.
Израел го смета Иран за регионална закана и сака да спречи какво било континуирано иранско воено засилување во Сирија, особено долж границата, пишува Ројтерс.