Израел го бомбардираше Рафах, убиени најмалку 20 цивили (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во три израелски бомбардирања синоќа во Рафах во Појасот Газа загинаа најмалку 20 цивили, меѓу кои пет деца, објави „Гардијан“.

Loading...

Тарек Абу Азум, дописник на Ал Џезира од Рафах, рече дека тоа била „исклучително тешка ноќ за цивилите“.

Иако различните извештаи даваат различни бројки за бројот на жртвите, Азум рече дека „најмалку 20 Палестинци, вклучително и пет деца“ се убиени во израелските воздушни напади.

 

 

Претходно беше наведено дека загинале 19 цивили, од кои девет загинале при бомбардирање на семејна куќа во Рафах, додека во источниот дел на градот, во населбата Ал Џенеина, загинале четворица цивили, како и шест во кампот за раселени лица Шабура, според палестинската агенција ВАФА.

Агенцијата наведува дека во бомбардирањето има и повредени, меѓу кои има жени и деца.

Loading...

Според претходните извештаи на Ројтерс, повикувајќи се на медицински извори, во трите бомбашки напади загинале 13 лица.

 

 

Да потсетиме, портпаролот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Кирби, изјави дека Израел му дал гаранции на Вашингтон дека нема да го нападне Рафах додека САД не добијат можност со израелските власти да ги споделат своите грижи и ставови во врска со тој напад.

Претставник на израелската безбедност изјави дека израелската армија е подготвена да ги евакуира палестинските цивили од Рафа и да ги нападне упориштата на Хамас во градот.

САД соопштија дека не можат да ја поддржат израелската операција во Рафа без соодветен план за заштита на цивилите.