Израел ги замрзна средствата на палестинската самоуправа

Сподели со своите пријатели

Израелскиот министер за финансии Безазел Смотрич денеска изјави дека му наредил на неговото министерство да ги замрзне сите средства префрлени на Палестинската самоуправа (ПС) и ја повикува владата да ја преиспита својата политика за трансфер на пари во светлина на, како што ја нарекува Смотрич, „поддршката“ на палестинската управа за Хамас за нападот врз Израел на 7 октомври.

Loading...

„Сакам да ве информирам дека му наложив на Министерството за финансии да го прекине трансферот на пари овој месец“, му рекол Смотрич на премиерот Бенјамин Нетанјаху, објави „Тајмс оф Израел“.

Министерот за финансии, исто така, бара владата да ја преиспита политиката на Израел за трансфер на пари собрани за Палестинската управа – како што е предвидено со Договорот од Осло – бидејќи, како што тврди Смотрич, „палестинските високи функционери ги поддржуваат ужасните масакри на нацистичката терористичка организација Хамас“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Австралија, Канада и Нов Зеланд бараат итен прекин на огнот во Газа

Тој го поткрепува своето тврдење со список од 12 запаливи изјави дадени од официјални претставници на ПС откако Хамас брутално уби 1.400 луѓе во Израел на 7 октомври, додава израелскиот весник.

„Палестинските власти уште еднаш докажаа на дело, како што зборуваме со години, дека е организација која поддржува терор. Затоа, покрај поврзувањето на средствата со Појасот Газа и неговите жители, овие средства се користат за активности против државата Израел и нејзините граѓани. Незамисливо е во оваа реалност да продолжиме да префрламе пари како ништо да не се случило“, наведува министерот за финансии во писмото.