Изложба „Самоуки 2023“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово во четврток со почеток од 20 часот ќе биде отворена традиционалната ликовна изложба „Самоуки 2023“.

Loading...

Ова е 33 издание на оваа манифестација од отворен карактер којашто има за цел да ги претстави делата на неакадемските ликовни уметници од општина Куманово.

Како и секоја година така и оваа година интересот за оваа изложба беше голем а тоа се потврди и со бројот на учесници – вкупно 31.  На изложбата ќе бидат претставени вкупно 64 дела во форма на слики ( масло, акрил, комб. техника), цртежи ( молив, туш) и скулптури ( дрво, метал, глинамол).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово реализира бројни проекти со поддршка на меѓународни институции и прекугранични проекти

– Основната идеја на оваа изложба беше подршката на талентирани и квалитетни неакадемски ликовни творци коишто работат во континуитет а чиишто дела тешко доаѓаа до пошироката публика.  Во насока на  воспоставување на врска помеѓу овие автори и публиката Центарот се обидува преку ангажман на своите просторно-технички и човечки потенцијали да даде логистика на еден ваков проект. Овие напори беа препознаени и од Министерството за култура на РС Македонија коешто финансиски го помогна проектот, информираат од Центарот.

Изложбата ќе биде поставена до 21.06.2023.