Изложба на уметничка фотографија „Жените и фотографијата“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Фото клуб Куманово со гордост ја претставува 12-тата Национална изложба на уметничка фотографија „Жените и фотографијата“, традиционален настан кој ја слави креативноста, талентот и визијата на жените во светот на фотографијата.

Loading...

Изложбата, која секоја година се одржува во чест на 8-ми март – Светскиот ден на жената, станува сѐ поважна платформа за афирмација и поддршка на женското фотографско творештво во Македонија.

Фотографијата отсекогаш била медиум преку кој жените ги раскажуваат своите приказни, го изразуваат својот глас и ја споделуваат својата перспектива за светот.

Од првите денови на оваа уметност, па сѐ до денес, жените фотографи успеваат да внесат длабочина, емотивност и уникатност во своите дела, надминувајќи ги бариерите и градејќи своја историја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тепачка во казино: Кумановец обвинет за тешка телесна повреда и насилство

Оваа година, изложбата привлече учеснички од бројни фото клубови низ земјата, со повеќе од 250 пријавени фотографии.

Стручниот селектор направи избор на 80 најдобри дела кои го претставуваат богатството на женската фотографска визија. Овие фотографии не само што сведочат за мајсторството на авторките, туку и ја потенцираат нивната способност да доловат емоции, светлина и моменти кои остануваат запаметени.

„Жените и фотографијата“ не е само изложба – тоа е симбол на борбата за рамноправност, за еднакви можности и за признание на жените во фотографската уметност.

Затоа, ве покануваме да ја прославиме оваа приказна заедно, да оддадеме признание на талентот и трудот на жените-фотографи и да уживаме во нивните дела.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тинејџери од Куманово добија кривични за насилство

Свеченото отворање на изложбата ќе се одржи на 6-tи март ( четврток) во 19:00 часот во Изложбениот салон на НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово Ве покануваме да бидете дел од оваа уметничка вечер и да ја почувствувате моќта на женската фотографија.

Изложбата ќе биде поставена во наредните 14 дена.

Интегрално соопштение