Изложба на слики на Мајкл Клоус во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во четврток со почеток во 20 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложба на слики на авторот Мајкл Клоус.

Loading...

Се работи за најновата продукција на дела ( 25 слики ) од овој автор,  работени во рамките на повеќегодишниот проект „Сликарството на патот на хуманоста“.

Мајкл Клоус е  канадски уметник  со  македонски корени. Роден е во Торонто. Дипломирал  на  Ontario College  of  Art  една  од најстарите  институции  за сликарство   во Канада, Ryerson  Polytechnick Institute University of Guelph.

Досега има реализирано околу 130 самостојни изложби во многу локални,  интернационални и  национални  галерии  низ светот. 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каква е излезноста во Липково до 15 часот?

Доволно  е  да  се издвојат  само  изложбите  во  некои  земји: Романија, Соломонските острови , Виетнам, Словенија,  Хрватска,  Турција,  Египет, Франција, Германија, Русија, Казахстан.

Голем дел  од  изложбите  се  дел  од  проектот „Сликарството на патот на хуманоста”  којшто Michael Close континуирано го реализира со неговата сопруга Менка, историчар  на  уметноста  и кустос.

Над  40  години,  Мајкл Клоус претежно  во Канада, работел на филм,  ТВ  и  во  театар, како  сценограф  и  уметнички  директор, а понекогаш  и  како  актер.

За неговото творештво  Yadwiga Buchevska ќе запише: “… Мichael Close е сликар којшто ги употребува линиите (црна, црвена, жолта, зелена, сина) во еден имагинативен преплет креирајќи пред нас нереални и реални ликови во скоро сите можни човечки изрази на лицето. Неговите лица се универзални и ги допираат сите култури во светот.“

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колкава е излезноста во Липково до 17 часот?

Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 14.09.2022.

Пишува: Роберт Цветковски, историчар на уметност