Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утре ќе биде домаќин на изложба на слики и графики од Детскиот ликовен камп „АСНОМ“ од 2014 и 2015 година.
Изложбата ќе биде отворена во холот на НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово со почеток во 12 часот, а покровители на манифестацијата се Градиначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски и Советот на Општина Куманово заедно со Фондацијата за култура и спорт.
Свој настап на отварањето на изложбата ќе има и градскиот детски хор.