Триесет и две дела од истакнатиот уметник и фотограф Рајко Каришиќ од Белград, Србија, ќе бидат изложени во Куманово од 14 до 25 јуни.
Станува збор за изложба на уметничка фотографија „ПРАВОСЛАВИЕ“ која ја организира Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности – МОТУС од Куманово преку својот Фото клуб – Мотус.
На изложбата, како што информираат од здружението, ќе бидат изложени фотографии од манастири и православен живот од балкан со посебен осврт на манастирот Хиландар од Света гора.
– Посебна тежина на изложбата даваат и фотографиите настанати од манастирите во Македонија, додаваат од „МОТУС“.
Изложбата е финансирана од Општина Куманово, а под патронат на Фото Сојуз на Македонија.
Изложбата ќе биде отворена на 14 јуни 2024 во 19:30 часот во Уметничката галерија на град Куманово.
Никола Ивановски