Изгаснат каналот на јутуберот Бака Прасе

Сподели со своите пријатели

Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, се огласи на својот Инстаграм профил откако утрово беше затворен неговиот канал на Јутуб, каде имаше повеќе од два милиони следбеници.

Loading...

„Збогум Бака прасе Јутуб канал“, напиша Илиќ.

Каналот на Илиќ на оваа платформа беше затворен по конфликт со сопственикот на ТВ Пинк, Жељко Митровиќ.

Неговиот татко, свештеникот Ненад Илиќ, претходно зборуваше и за Нова.рс изјави дека нема дополнителни информации зошто е избришан каналот на неговиот син.

„Сè уште немам слушнато со Богдан, ги прочитав вестите, не знам што се случува и што значи тоа. Морам да видам, да размислам и да разговарам со него, па дури тогаш ќе имам мислење за тоа. Засега навистина немам коментар“, изјави Ненад Илиќ за Нова.рс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Планирате летување во Грција? Ова се цените што ве чекаат летово!