Изборната комисија на Венецуела ги достави сите записи до Врховниот суд на потврда

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Изборната комисија на Венецуела, Елвис Аморосо, синоќа соопшти дека до Врховниот суд ги доставил сите записи од претседателските избори, кои претседателот Николас Мадуро ги побара да ја официјализира својата оспорена победа.

Loading...

„Се што бараше највисокиот суд на државата е поднесено“, рече Аморосо.

Опозицијата смета дека и Државната изборна комисија и Врховниот суд се лојални на властите.

Ова се токму записите од секое поединечно избирачко место, кои опозицијата и дел од меѓународната заедница ги бараат за да го докажат своето тврдење дека на изборите одржани на 28 јули победил кандидатот на опозицијата Едмундо Гонзалес.

Изборната комисија соопшти дека била цел на сајбер-напад и затоа се уште не го објавила записникот.

Опозицијата смета дека се работи за манипулација за да не се откријат вистинските резултати.

Во петокот Изборната комисија ја ратификуваше победата на Мадуро со 52 отсто од гласовите.

Според опозицијата, која ги објави своите записи, кои Мадуро ги отфрли, опозицискиот претседателски кандидат Гонзалес победи на изборите со 67 отсто од гласовите.

Loading...

Претседателката на Врховниот суд синоќа соопшти дека го добила записникот и дека судот има најмалку 15 дена да го разгледа.

Таа ги покани кандидатите и функционерите на рочиштето. Гонзалес, кој не е виден во јавноста околу една недела, беше поканет да се појави во среда, а претседателот Мадуро во петок.

Венецуелската опозиција, која тврди дека нивниот кандидат е победник на изборите, вчера ја повика армијата, столбот на моќта, да застане на страната на народот во кризата во која се соочуваат со Николас Мадуро, кој беше прогласен за победник од Националната изборна комисија.

Поради тој повик, обвинителството веднаш покрена кривично гонење на опозициската лидерка Марија Корина Мачадо и кандидатот за претседател на опозицијата Едмундо Гонзалес.

Тие се товарат за узурпација на службена должност, ширење лажни информации, поттикнување на непочитување на законот, поттикнување бунт и здружување на измамници.

„Гонзалес и Мачадо објавуваат лажен победник на претседателските избори и отворено ги поттикнуваат вработените во полицијата и војската на непослушност“, соопшти обвинителството.

Во нередите кои следеа по објавувањето на победата на Мадуро, според организациите за човекови права, загинаа 11 цивили.

Мадуро објави дека двајца членови на националната гарда загинале во немирите и дека повеќе од 2.000 луѓе се уапсени и вети дека ќе ги гони оние што стојат зад обидот за „империјалистички пуч“.

Loading...