Иван и Андреј од Куманово брилираа на турнир во буткање со рака во Италија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Иван Серафимовски и Андреј Андевски од Куманово брилираа на турнирот во буткање со рака кој изминатиот викенд се одржа во Бреша, Италија.

Loading...

На турнирот SUPERMATCH ITALY 2024 WORLD CUP, златен и бронзен медал освои Серафимовски, додека Андевски освои два бронзени медала.

 

 

Дваесет и четиригодишниот Серафимовски освои прво место во категоријата до 80 килограми и со тоа оди во кваливикации во Истанбул, Турција на многу силниот турнир East V West.

Освен тоа, освои и Open class или трето место во апсолутна категорија, што значи дека тој е третиот најдобар од сите учесници на турнирот.

 

Loading...

 

Дваесет и двегодишниот Андевски, во категоријата јуниори до 23 години, освои две трети места, односно во мечевите и со лева и со десна рака.

 

 

Инаку, станува збор за интернационален турнир на кој меѓу другите, учествуваа натпреварувачи од Латвија, Австрија, Канада, Италија, Хрватска и Грузија.

Двајцата со овој спорт се занимаваат активно веќе пет години и редовно нижат успеси на меѓународна сцена.

Loading...

Никола Ивановски