По повод новонастанатата ситуација, Советот на Општина Куманово за 16 часот свика итна вонредна седница на која советниците ќе донесат одлуки за делување во услови на влошена безбедносна ситуација во градот.
Loading...
Како што дознаваме, на вонредната седница, директорот на ЈП Водовод ќе побара 24 – часовна заштита на Филтер станицата во Куманово, од причина што се работи за витален објект во кој во ноќна смена работат тројца вработени, а пукањето од околната населба се наоѓа на мала оддалеченост.
Според неофицијалните информации пласирани денес, вооружената група имала намера да ги нападне и неколкуте институции во градот.