Италијанската компанија Гучи го заштити својот бренд во Русија

Сподели со своите пријатели

Италијанската компанија Guccio Gucci (Гучи) пријавила заштитен знак кај Руската Федерална служба за интелектуална сопственост Роспатент, соопштија денеска претставници на службата.

Loading...

Апликацијата за брендот Гучи во Русија беше поднесена на 2 јуни 2023 година, а државната регистрација беше завршена на 18 февруари 2025 година, пренесе ТАСС.

Носител на трговската марка е „Gucci Gucci“ со седиште во Фиренца, а трговската марка е одобрена според Меѓународната класификација на стоки и услуги.

Агенцијата забележува дека ова одобрение овозможува производство и продажба на брендирани фустани и чанти, ткаенини, женска долна облека, костими за капење, јакни и обувки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Филипинско село дава награда за фатени комарци, живи или мртви сеедно

Истото важи и за спортска опрема, вреќи за удирање, накит, козметика и кујнски прибор.