Премиерите на Италија и Јапонија Џорџа Мелони и Фумио Кишида денеска на средба во Рим се договорија да ја зајакнат соработката во сферите на економијата, трговијата и безбедноста, пренесе Ројтерс.
Loading...
– Се договоривме да ги зајакнеме нашите односи на ниво на стратешко партнерство – рече Мелониева на прес-конференцијата по средбата.
Во оваа прилика Кишида рече дека ќе се зајакне соработката на полето на дипломатијата, инвестициите, железницата и филмската уметност.