Италија го подготвува десеттиот пакет воена помош за Украина

Сподели со своите пријатели

Италија подготвува нов пакет воена помош за Украина, како израз на поддршка за таа источноевропска земја од десничарската Влада на премиерката Џорџа Мелони.

Loading...

Според двајца извори на британската агенција запознаени со случувањата, кои побараа да остане анонимен, италијанската влада најверојатно ќе го одобри десеттиот пакет помош до крајот на овој месец.

Сите пратки со италијанска воена помош за Украина досега беа прогласени за државна тајна.

Откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година, Италија одобри девет пакети помош за украинскиот претседател Володимир Зеленски, вклучително и два француско-италијански системи за воздушна одбрана познати како САМП/Т, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Литвански министер: Војната во Украина ќе се реши само на бојното поле

Мелони е поддржувач на Киев откако ја презеде функцијата кон крајот на 2022 година и вети дека ќе ја поддржува Украина додека не заврши војната.

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте во понеделникот ги повика земјите-членки на таа воена алијанса да ја зголемат воената помош за Украина, со цел да ја зајакне својата позиција во случај на мировни преговори со Русија.