Канадската компанија „ Lucara Diamonds“ во Боцвана ископала дијамант со величина од 1.111 карати.
Ова е втор по големина сиров диајамант на сите времиња и е со големина на тениско топче.
Несекојдневниот дијамант е од категоријатаа „IIa“, во која спаѓаат еден или два проценти од сите природни дијаманти во светот.
Таквите дијаманти обично немаат нечистотии и се безбојни.
Значењето на откривањето на дијамант поголем од илјада карати, најголем во последните 110 години и континуитетот на откривање на висококвалитетен камен на јужната полутопка никако не можат да бидат пренагласени – вели извршниот директор на компанијата.
Неприкосновен рекордер сепак е Кулинан, сиров дијамант од 3.106 карати, откриен во рудник во во Јужноафриканската Република во далечната 1905 година.
Бил предаден на британскиот крал Едвард Седми и исечен на девет главни големи парчиња, како и 96 мали дијаманти. Едниот од нив, тежок 317,4 карати се наоѓа на биртанската круна.
Целата колекција дијаманти настанала од Кулинан, а проценета е на две милијарди долари и никогаш не се нашла на аукција.