“Дојде времето да се ослободиме од репресијата на Словените, браќа Албанци” – стои во повикот на Сејфедин Ал-Албани до сите Албанци во Македонија, повикувајќи ги да земат оружје и да се спремат за војна во Македонија и на Балканот, , пренесуваат дел од медиумите повикувајќи се на извори на албанска информативна мрежа.
Тој својот допис го испратил до интернет мрежата за вести JavaNews.al, под лажно име Џавит Џавити. Сејфедин Ал-Албани за кој постојат сомнежи дека сеуште е во Македонија е член на ИСИС, дел од ќелијата која беше уапсена пред два дена во големата полициска акција, и дека бил на боиштата во Сирија и Ирак повеќе пати.
“Како можете мирно да спиете кога знаете дека вашите браќа се малтретирани, а нашите сестри се силувани во ѕверските затвори на Балканот? Ги заборавивте варварските војни на Словенските Крстоносци? Дали тоа не беа истите Крстоноси кои го направија хоророт во Косово и Куманово? Затоа, придружете се и станете тврдина на вашата вера. Придружете се, и донесете им терор на Крстоносците и нивните поддржувачи!” – стои во дел од повикот на Сејфедин Ал Албани, видно исплашен од исходот за неговите пријатели кои паднаа во акцијата пред два дена, но и исплашен дека ќе ги снајде истата судбина како оние терористи во Куманово!
Инаку на уапсените, полицијата им одреди притвор од 30 дена. Се сомничат за учество на боиштата во Сирија и Ирак, борејки се на страната на Исламска држава, а исто така и регрутирале луѓе од Македонија за борба на тие територии.