Над 160 лица загинаа во неколку терористички напади кои вечерва се случија во Париз. Околку 118 лица се загинати во концертната сала Баталкан при еден од нападите и експлозиите.
Засега нема информации за загинати или повредени државјани на Република Македонија.
Специјалнта елитна антитерористичка единица на Франција изврши акција во салата при што се убиени најмалку четворица од напаѓачите, а има и многу повредени луѓе.
СиЕнЕн пренесе дека одговорноста за нападот ја презема ИСИС, а францускиот претседател Франсоа Оланд го посети самото место при што порача дека Франција ќе започне немилосрдна војна против терористите.
Границите на целата држава се затворени, светлата на Ајфеловата кула во знак на жалост се изгаснати, а воведене и полциски час.
Полицијата потврдува дека се извршени вкупно седум терористички напади, од кои два самоубиствени и еден бомбашки. Освен неколкуте одделни престрелки, полицијата потврди и експлозија во близина на стадионот Стат де Франс, како и сега завршената заложничка криза во концертната сала Батаклан.
Париските таксисти бесплатно ги возат своите сограѓани на безбедни места, а жителите на центарот ги отвораат своите домови како засолништа за оние што бегаат од ужасот.
Исламистите на социјалните мрежи отворија хаштаг Париз во пламен и ги слават нападите.
фото: Танјуг/Ројтерс