Исчезнале 50 отсто од животинската популација, а се поради човечки фактор

Сподели со своите пријатели

Популацијата на животни кои живеат во светските шуми се намалила за повеќе од 50 отсто во последните 50 години.

Loading...

Климатските промени на многу начини го оштетиле животинското царство, а Светската фондација за природа предупредува дека интензитетот на уништувањето на животни е значително повисок од нивото на кое било во не така далечната 1970 година.

Шумскиот свет е од суштинска важност за здрава околина, а посебно џунглите, кои работат како бели дробови на планетата. Приматите и големите птици играат голема улога во обновувањето на тие шуми, така што го пренесуваат семето јадат растенија и имаат различни активности кои допринесуваат за раст и развој, пренесуваат медиумите.

Од 1970 година популацијата на примати и големи птици се намалила за алармантни 53 отсто, пишува Дејли мејл.

Најголема штета на дивиот живот во шумите се нанесува така што се уништува нивното природно живеалиште. Тоа се прави со непланска сеча, наводнување и се почестите шумски пожари.

Видовите како примати, рептили и птици загрозени се и од нелегалниот лов, климатските промени и болести. Најголемо намлаување на бројот на видовите се бележи во шумите на Амазон.

Предупредувањето се однесува посебно на тоа да се спречи натамошното уништување на шумите и да се обиде да се направи пресврт во процесот, цоцека се уште има што да се спаси.

Ги повикуваат држаните власти на сите земји во светот да прогласат опасност по планетата и нејзините жители во 2020 година. Потребно е да се спречи уништувањето, да се препороди природата и да се поправи ланецот на исхраната.

Loading...

Чувајќи ги шумите влијаеме и на зачувување на видовите, обезбедуваме храна, чиста вода, здраво земјиште и жителишта за луѓето и животните. Тоа на сите мора да им биде приоритет, велат активистите.

Leave a Reply