Исчезнал во дивината. По 14 дена потрага сакале да се откажат, а потоа слушнале глас!

Сподели со своите пријатели

Маж од Охајо е пронајден по 14 дена на непристапен терен во Кентаки, токму во моментот кога екипите почнале да губат надеж, велат спасувачите, додавајќи дека е чудо што неискусниот планинар бил пронајден жив.

Loading...

Екипата за пребарување и спасување во клисурата на Ред Ривер, на последниот ден од потрагата минувала низ густата шума покрај потокот кога го слушнале повикот, пишува Си-Ен-Ен.

Петмина спасувачи слушнале крик за помош во шумата и кога се приближиле до местото од каде што дошол гласот, се испоставило дека станува збор за Скот Херн.

Исчезнатиот е пронајден под карпа која му служела како засолниште.

Гласот на исчезнатиот Скот бил изненадување за нив бидејќи никој не очекувал дека неискусен планинар ќе може да преживее без храна и вода 14 дена, изјави шефот на спасувачкиот тим на округот Волф, Џон Меј.

„Навистина е само чудо што преживеал“, велат спасувачите и додале дека кога добиле трошка надеж дека се уште е жив, тоа им дало дополнителна сила и мотив.

Херн (48) последен пат бил виден во шумата кај Тауер Рок Треил на 6 јули, соопшти спасувачката група.

Неговото семејство во Ајронтон, Охајо, кое се наоѓа на околу 100 километри североисточно од клисурата, немало слушнато за него со денови.

Loading...

Ренџер на шумската служба на САД го забележал камионот на Херн на 6 јули додека планинарел во клисурата на Ред Ривер – и реагирал дури кога го видел на должност на 13 јули, изјави за Си-Ен-Ен началникот за пребарување и спасување во округот Волф Џон Меј и додаде дека потрагата била започната откако проверка на плочите.

Имаше, додава Си-Ен-Ен, отпечаток од чевли и трага од стап во област која малкумина ја знаат.

Ова, додаваат оттаму, се информациите на групата за пребарување во објава на Фејсбук на 20 јули.

На почетокот потрагата ја отежна маглата, вториот ден беа вклучени и кучиња трагачи и повторно немаше резултати.

 

 

Областа се покажа како голем предизвик и за спасувачката екипа, бидејќи водопадите и тесните патеки среде густата шума им отежнувале да го извлечат Херн, кој по две недели повеќе не можел да стои на нозе.

Loading...

Наместо да го изнесат, спасувачите решиле дека е побезбедно да го стават во корпа и да го подигнат со хеликоптер.

„Никогаш не наидовме на некој кој бил изгубен 14 дена и пронајден жив. Така што дефинитивно е невообичаено“, рече Меј.

Херн почнал да планира со шест шишиња вода кои биле пронајдени празни во неговиот ранец, рече Меј, додавајќи дека им рекол дека ништо не јадел или пиел и дека устата му била премногу сува.

Херн бил екстремно дехидриран, а нозете му биле во лоша форма од плускавци и каснувања од бубачки, рече Меј.

Херн не можел да оди кога бил пронајден.

И покрај тоа што бил изгубен во шумата на непристапен терен, неколку работи оделе во негова корист, рече Меј.

„Имаше прекумерна тежина, па имал резерви. Со себе зел шест шишиња вода – тоа му помогнало првите неколку дена”, рече Меј.

Херн бил хоспитализиран и не можел сам да оди, напиша спасувачката група на Фејсбук на 22 јули, два дена по неговото спасување.

Loading...

Тој целосно ќе се опорави откако ќе ја прими инфузијата и ќе почне да јаде.