Иранскиот претседател во четврток во Москва на средба со Путин

Сподели со своите пријатели

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси во четврток ќе пристигне во Москва каде ќе има билатерални разговори со рускиот претседател Владимир Путин, соопшти Кремљ.

Loading...

„Можам да потврдам дека руско-иранските преговори ќе се одржат во Москва на 7 декември“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ги медиумските извештаи дека Раиси ќе отпатува за Москва на покана на руската страна, пренесува Тасс.

Тој одби да каже дали двете страни ќе разговараат и за нафтата и рече дека „агендата се уште се финализира“.

Веста за доаѓањето на Раиси во Москва во четврток, на билатерални разговори со Путин, ја објави иранската државна агенција Тасним.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија го забрани извозот на бензин на шест месеци

Според овој извештај, Раиси ќе отпатува за Москва во четврток наутро, „на официјална покана на рускиот претседател, на чело на висока делегација на владини претставници и претставници на бизнисот, а двајцата претседатели ќе разговараат за трговијата, економијата и политичката соработка меѓу Москва и Техеран, како и регионалните и меѓународните прашања“, особено за ситуацијата во Палестина.

Путин и Раиси последен пат се сретнаа на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка во Самарканд, во септември 2022 година, кога имаа билатерални разговори.

Тогаш тие истакнаа дека позициите на Москва и Техеран за повеќето меѓународни прашања се блиски или конзистентни и дека билатералната соработка продолжува да се развива.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Испраќањето сили во Украина е глупост што води до Трета светска војна, вели француската опозиција

Претседателите на Русија и Иран последен пат разговарале на 16 октомври, кога во телефонски разговор разговарале за ситуацијата во Газа, пренесува Танјуг.

Loading...