Иранската „зомби Анџелина Џоли“ излезе од затвор и за прв пат го покажа вистинското лице

Сподели со своите пријатели

Иранката која на јавноста и стана позната поради објавувањето на фотографии на кои изгледа како зомби верзија на популарната актерка Анџелина Џоли, излезе од затвор и за прв пат го покажа своето вистинско лице.

Loading...

Иранката Сахар Табар ги шокираше корисниците на социјалните мрежи со своите фотографии на кои наликува на холивудска ѕвезда, но во многу полоша верзија.

Но, таа навистина никогаш не изгледала така и признала дека фотографиите се создадени со помош на компјутерски ефекти.

Со оглед на тоа дека го откри своето вистинско лице, без сомнение може да се заклучи дека таа воопшто не личи на Анџелина Џоли, пишува Mirror.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сакате да одгледате успешни деца? Харвард: Дајте им домашни задачи!

По неодамнешното ослободување од затвор, таа објасни дека не била подложена на естетска операција и дека фотографиите настанале благодарение на нејзината монтажна способност.

Во октомври 2019 година, девојката беше уапсена за корупција и богохулење и отслужи 14 месеци од нејзината 10-годишна затворска казна.

Поради интерес на јавноста, таа беше пуштена порано.

– Она што го видовте на Инстаграм беа компјутерските ефекти што ги користев. Просторот на интернет беше лесен начин. Беше многу полесно отколку да станам актерка – изјавила Сахар.

Loading...

Иако имаше половина милион следбеници на Инстаграм, таа вели дека повеќе нема да го користи.

– Сигурна сум дека нема ни да го инсталирам на мојот мобилен телефон, а камоли да имам профил на него – рекла таа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Синот првпат го виде тато без мустаќи, неговата реакција насмеа милиони (ВИДЕО)