Иран: Трговската војна на Америка против другите земји покажува неуспех на политиката на санкции

Сподели со своите пријатели

Иранскиот министер за економија Абдолнасер Хемати изјави дека трговската војна на Америка против другите земји, која вклучува воведување царини, укажува на неуспех на политиката на санкции на Вашингтон, особено кон Иран.

Loading...

Хемати на платформата X напиша дека уделот на американскиот долар во глобалните резерви падна на 58 отсто од 65 отсто во 2016 година, истакнувајќи дека дури и американскиот претседател Доналд Трамп ги потврдил податоците, пренесе новинската агенција ИРНА.

„Фокусот на американската влада на царините е уште една манифестација на неуспехот на политиката на санкции и залудноста од повторување на кампањата за максимален притисок врз Иран“, рече Хемати.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се уште се извлекуваат тела од реката по авионската несреќа во Вашингтон

Тој истакна дека укинувањето на санкциите за извозот на иранска нафта сега е економски позначајно од кога било со оглед на заканите на Канада дека ќе престане да продава нафта во САД поради царините од 25 отсто што Трамп ги воведе на канадски стоки.

САД, за време на првиот мандат на Трамп, наметнаа политика на „максимален притисок“ врз Иран во 2018 година, откако се повлекоа од договорот на светските сили за иранската нуклеарна програма.

Таа политика вклучуваше остри санкции против иранската економија, особено нафтениот сектор, пренесува Танјуг.