Иран обеси британско-ирански државјанин под обвинение за шпионажа

Сподели со своите пријатели

Иран го обеси британско-иранецот Алиреза Акбари, објави новинската агенција Мизан, откако го осуди на смрт под обвинение дека шпионирал за Велика Британија.

Loading...

Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли во петокот рече дека Иран не смее да го погуби Акбари, поранешен заменик министер за одбрана на Иран.

Велика Британија ја опиша смртната казна како политички мотивирана и повика на негово итно ослободување, пренесува Хина, повикувајќи се на Ројтерс.

„Алиреза Акбари, кој беше осуден на смрт под обвинение за корупција и опсежни дејствија против внатрешната и надворешната безбедност на земјата преку шпионажа за британското владино разузнавање е погубен“, објави Мизан на Твитер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

Тој е обвинет дека за шпионажа примил 1.805.000 евра, 265.000 фунти и 50.000 долари.

Влошување на врските меѓу Лондон и Техеран

Во аудио снимка емитувана од Би-Би-Си на персиски во средата, Акбари рече дека ги признал злосторствата што не ги извршил за време на неколкумесечната тортура во притвор.

Иранските државни медиуми во четвртокот објавија видео во кое велат дека покажува дека Акбари имал улога во атентатот во 2020 година на врвниот ирански нуклеарен научник Мохсен Фахризаде, кој беше убиен во напад во 2020 година надвор од Техеран за кој тогашните власти го обвинија Израел.

Во видеото, Акбари не признава вмешаност во атентатот, но рече дека британскиот агент барал информации за Фахризаде.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  МААЕ: Нема штета на иранските нуклеарни локации

Врските меѓу Лондон и Техеран се влошија во последниве месеци, бидејќи напорите за заживување на нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, во кој страна е и Велика Британија, заглавија.

Велика Британија, исто така, го критикуваше насилното задушување на антивладините протести од Иран предизвикани од смртта во притвор на 22-годишната курдска девојка Махса Амини.