Иран: Непоколебливо ја поддржуваме Палестина, но не сме вклучени во нападот на Хамас

Сподели со своите пријатели

Иран „не е вклучен“ во нападот извршен од милитантите на Хамас во јужен Израел, соопшти иранската мисија во Обединетите нации.

Loading...

„Ние решително и непоколебливо ја поддржавме Палестина, но не сме вклучени во одговорот на Палестина, бидејќи тоа го презема само самата“, се вели во вчерашната изјава на иранската мисија во ОН, пренесе Ројтерс.

Хамас претходно соопшти дека помошта од Иран му помогнала да го изврши нападот во саботата наутро.

Иран со години го поддржува Хамас и им обезбедува на нивните борци оружје и обука, а милитантната група рече дека оваа помош му помогнала да изврши координиран напад, пренесува Танјуг.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, сепак, вчера изјави за Си-Ен-Ен дека американската влада „допрва треба да види докази дека Иран го режираше или стои зад овој конкретен напад“.