Иран: Најмалку 83 мртви за две недели протести

Сподели со своите пријатели

Протестите продолжија во неколку градови низ Иран по смртта на една млада жена во полициски притвор, објавија државните медиуми, додека група за човекови права соопшти дека најмалку 83 лица биле убиени во речиси две недели од почетокот на протестите.

Loading...

Махса Амини (22) од иранскиот курдски град Сакеза беше уапсена овој месец во Техеран поради „несоодветна облека“ од моралната полиција која го спроведува строгиот кодекс на облекување на Исламската Република за жените, потсетува Ројтерс.

Нејзината смрт го предизвика првиот голем протест на опозицијата на улиците во Иран откако властите ги задушија протестите организирани во 2019 година поради покачувањето на цената на бензинот.

– Потврдено е дека најмалку 83 лица, меѓу кои и деца, се убиени во протестите во Иран – објави на Твитер групата за човекови права Иран, со седиште во Норвешка.

И покрај зголемениот број на загинати и репресиите од властите, видеата објавени на Твитер покажуваат демонстранти кои повикуваат на соборување на свештеничкиот естаблишмент во Техеран, Ком, Рашт, Санандај, Масјед-и-Сулејман и други градови.

Државната телевизија објави дека полицијата уапсила голем број „бунтовници“, без да прецизира точни бројки.

Во меѓувреме, германската министерка за надворешни работи во четвртокот рече дека сака Европската унија да воведе санкции врз Иран по смртта на Амина.

Во Норвешка неколку лица се обиделе да влезат во иранската амбасада во Осло за време на демонстрации во кои две лица се здобиле со полесни повреди, соопшти норвешката полиција, која приведе 95 лица, јави јавниот сервис НРК.

Loading...