Иран и Венецуела потпишаа 20-годишен договор за соработка

Сподели со своите пријатели

Иран и Венецуела денеска потпишаа 20-годишен план за соработка, јави иранската државна телевизија.

Loading...

Планот вклучува соработка во областа на нафтата, петрохемијата, туризмот и културата, објави Ројтерс.

Церемонијата на потпишување се одржа во палатата Садабад во северен Техеран, во присуство на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговиот ирански колега Ебрахим Раиси.