Иран го нападна Израел со огромен број ракети: Употребени и балистички проектили! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Иран синоќа истрела 181 балистичка ракета кон Израел, поради што речиси десет милиони луѓе побараа засолниште во засолништа, а неколку луѓе беа ранети, пренесува Тајмс оф Израел.

Loading...

Еден Палестинец на Западниот Брег и двајца Израелци биле ранети од шрапнели кои предизвикале штета и пожари во областа, наведува израелскиот весник.

 

 

Ракета погоди училиште во Гадера, во централен Израел, а фотографиите и видеата од местото на настанот покажуваат дека училишната зграда е тешко оштетена, но нема повредени.

Експлозии се слушнаа низ поголемиот дел од Израел, од Ерусалим до долината Јордан, а репортери на државната телевизија лежеа на земја додека известуваа во живо.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гроси предупреди дека ширењето на војните на Блискиот Исток и враќањето на Трамп се причина за загриженост

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека пресретнале голем број ирански ракети и дека израелската противвоздушна одбрана е ефикасна, иако се чини дека нивната Железна купола овојпат потполно потфрлила.

Loading...

 

 

САД, исто така, учествуваа во одбраната на Израел, и со навремено откривање на заканата од Иран и со пресретнување на некои ракети, според ИДФ.

Во соопштението се додава дека „изолирани“ напади се забележани во централниот дел на Израел и уште неколку во јужниот дел на земјата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Борел предлага да се прекине дијалогот со Израел

 

 

Loading...

Нагласено е дека не е направена штета на можностите на израелската авијација и дека авионите, воздушната одбрана и контролата на летање функционираат нормално.

На состанокот на безбедносниот кабинет во безбеден бункер во близина на Ерусалим по нападот, Нетанјаху предупреди дека Техеран направил „голема грешка“ и рече дека „ќе плати за тоа“.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шефот на МААЕ: Нуклеарните објекти во Иран не смеат да бидат нападнати

На отворањето на состанокот на безбедносниот кабинет во Ерусалим, Нетанјаху нагласи дека вечерашниот напад врз Израел не бил успешен, објави Тајмс оф Израел.

– Нападот е спречен благодарение на израелскиот систем за противвоздушна одбрана, кој е најнапреден во светот – изјави синоќа израелскиот премиер, заблагодарувајќи им се на САД за поддршката.

 

Loading...