Иран: Формиран специјален суд за демонстрантите

Сподели со своите пријатели

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси рече дека смртта на младата жена Махса Амини во притвор ги „тажи“ сите во Исламската Република, но предупреди дека хаосот од ширење протести по тој повод е неприфатлив.

Loading...

– Сите сме тажни поради овој трагичен инцидент, но хаосот сѐ уште е неприфатлив – рече Раиси во интервју за државната телевизија, пренесе Ројтерс.

– Црвената линија на Владата е безбедноста на нашиот народ… Не може да се дозволи да се нарушува мирот во општеството со немири – додаде иранскиот лидер.

Иранската полиција и безбедносните сили претходно се судрија со демонстрантите во градовите низ Иран каде продолжија протестите за смртта на Махса Амини, објавија државните и социјалните медиуми, пренесува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: Оставив детални упатства во случај да бидам убиен. Ќе ги избришат од лицето на земјата

И покрај тоа што голем број демонстранти беа убиени и полицијата употреби боева муниција и солзавец, видеата на социјалните мрежи покажаа демонстранти кои повикуваат на пад на свештеничката власт и судири со безбедносните сили во Техеран, Табриз, Карај, Ком, Јазд, Санандаи и други градови.

Протестите траеја 11 дена и загинаа најмалку 41 лице, а околу 900 беа повредени.

Иранските власти формираа специјален суд за учесниците на протестите, објавија државните медиуми.