Институциите задолжени за бегалците на Табановце се нетранспарентни

Сподели со своите пријатели

Од започнувањето на мигрантската и бегалската криза во Куманово, а подоцна и на северниот премин Табановце, институциите кои после 19 јуни со измените на Законот за азил  ја преземаа улогата во справување со новонастанатата состојба, покажаа нетранспрареност во работењето и информирање на јавноста, огледана преку дневните извештаи на Регионалниот центар за управување со кризи со седиште во Куманово.

Loading...
A volunteer is taking a break, as hundreds of refugees have just passed through the train station in Tabanovce
                                                                                                      фото архива 

Регионалниот центар, инаку задолжен за координација на активностите во прифатниот центар Табановце, на дневна основа до медиумите испраќа 24 – часовен извештај за преземени активности од страна на Црвен Крст Куманово, СВР Куманово, како и за болнички интервенции во Општа Болница Куманово и активностите на ОО на Црвен Крст.

Следејќи ги извештаите, се забележува дека многу ретко се случува во дневните извештаи да е содржана било каква информација за посебни настани на Табановце, како што се пријавени акти на насилство, бегалци и мигранти згрижени во болница поради влошена здравствена состојба, што е всушност индикатор дека институциите немаат меѓусебна координација и ажурност во доставување информации на дневна основа.

Во разговор со РЦУК Куманово, дознаваме дека РЦУК како центар задолжен за управување со кризи, во дневните извештаји го пренесува само онаа што ќе биде испратено до нив, и во случај на отсуство на информации, се нотира дека после превземени мерки од страна на субјектите од регионот на ПОРКОА РЦУК Куманово, не се добиени информации   од  Општина Куманово, СВР Куманово, Црвен крст Куманово  како и Општа Болница Куманово.

Во дневните извештаи, единствена институција која редовно ја информира јавноста за преземни активности е ЈЗУ Центар за јавно здравје Куманово задолжени за дезинфекција на просториите и вагоните како и редовна проверка на водата за пиење на преминот, како и Здравствен дом Куманово.

Хелсиншки комитет во РМ од друга страна во четвртиот извештај за Табановце објавен во текот на вчерашниот ден, наведе настан кој е пријавен во полиција во врска со физички напад врз бегалци во с. Лојане, но, истиот настан не беше содржан во дневните билтени на МВР.

Тоа што ја отежнува работата на медиумите додатно е фактот што СВР Куманово години наназад нема назначено лице за односи со јавноста, и тоа што МВР ќе го објави во дневните веб извештаи за настаните поврзани со бегалската криза е единствен извор на информации од терен.