Екипата на ЖРК Куманово на домашен терен ја оствари премиерната победа во рамките на вториот дел од новата сезона од женската супер лига.
На дуелот беа фаворити, но во првите триесетина минути мораа малку да се помачат за да воспостават некоја рамнотежа на теренот. На средината на првото полувреме прилепчанки имаа предност од три голови, но домшните ракометарки успешно воспоставија рамнотежа на резултатот и може да направат предност. На полувреме се замина со резултат од 16:15.
Второто полувреме беше изедначено. Тимот на ЖРК Прилеп буквално до последен момент се држеше во егал натпревар, меѓутоа капитенот Викторија Пеовска не дозволи изненадување и на 1 минута и 30 секунди пред крајот го постигна решавачкиот гол за 29:27.
Натпреварот заврши со резултат 29:28, а радува фактот што ракометарките на Куманово се одлучија сепак да го изиграат овој натпревар и покрај финансиските проблеми во кои клубот се наоѓа веќе подолг временски период.
Најдобра ракометарка на ЖРК Куманово беше Александра Боризовска со дадени 9 гола. Голем придонес во домашниот тим дадоа и останатите ракометарки: Бранкица Марковиќ 7 гола, а со еден гол помалку натпреварот го заврши и капитенот на екипата Викторија Пеовска.
ЖРК Куманово моментално се наоѓа на третата позиција на табелета, со реализирани девет победи и вкуно 27 поени. Следниот меч ракометарките на Куманово го играат викендов против ЖРК Пелистер во Битола.
фото: архива