Индиската федерална држава планира да ја забрани полигамијата

Сподели со своите пријатели

Властите на индиската сојузна држава Асам планираат да ја забранат полигамијата, пренесува Ројтерс.

Loading...

– Планирам да ја забранам полигамијата во Асам – изјави премиерот на Асам, Химанта Бисва Сарма.

Полигамијата е веќе нелегална според индискиот Кривичен законик, но на муслиманите сè уште им е дозволено да имаат до четири жени според шеријатскиот закон.

– Сакаме ова да биде процес на градење консензус, а не некаква провокација – рече Сарма, висок член на индиската владејачка партија БЈП.

Владата во Њу Делхи сака да наметне единствен граѓански законик за промена на низа религиозни и културни кодекси кои регулираат прашања како брак, развод, наследство и посвојување, пишува британската агенција.

Во 2017 година, Врховниот суд на Индија ја забрани исламската практика на „троен талак“, кој им дозволува на муслиманите да се разведуваат од своите сопруги со едноставно изговарање „талак“ (развод) три пати.