Имала венчавка од соништата, но тогаш полицијата ги објавила нејзините свадбени фотографии

Сподели со своите пријатели

Фотографија од жена по имет Кајла од Австралија на кои таа е во венчаница со две старосватици, ја објавила полицијата од Квинсленд на својот Фејсбук профил. Полицајците пронашле USB со фотографии од нејзината венчавка, а како не знаеле за кого станува збор, се надевале дека преку социјалните мрежи ќе можат да дознаат.

Кајла се венчала пред две години, меѓутоа, не знаела дека нејзините свадбени фотографии биле украдени.

Полицијата на 4. јануари пронашла украден USB во стан на 19-годишник од Логан.

Раскошна венчавка на ќерката на претседателот: 8.000 гости, а церемонијата ја гледала целата државата (фото)

Loading...

Кога фотографијата ја поставиле на Фејсбук, Кајла ја препознала соседката која ја споила со полицијата.

– Мојата сестра живее во Квинсленд и ограбен е нејзиниот автомобил и украдени се фотографиите. Таа не забележала додека една соседка не и рекла дека полицијата не бара преку Фејсбук, раскажала Кајла.

Иако има копии од своите фотографии, Кајла е пресреќна што тие се пронајдени.

– Таа фотографија секогаш ни беше посебна, но сега уште повеќе ја сакаме, рекла таа.

Трудот на полицијата од Квинсленд е за секоја пофалба.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.