Дали е ова најдобрата трансформација досега?
Кристина Филипс е најголемата мотивација за сите луѓе со прекумерна тежина.
Имала 338 килограми, а успеала да ослабе неверојатни 260!
Дневно внесувала околу 7.000 калории, не можела да се погледне во огледало, а сега покажала како изгледа убавината која се криела во неа.
Целиот свет ја следеше нејзината трансформација.
Кога побарала помош во своите дваесетти, лекарите ѝ рекле дека толкава маснотија можат да ја отстранат само хируршки.
За да биде кандидат за операција морала да ослабе. Нејзината прва промена се случила во 2014 година, кога ослабнала 243 килограми.
Операцијата на желудникот не била доволна, па морале да се отстранат количества масти и од одредени делови од телото.
Лекарите извадиле по 20 килограми маснотии од секоја нога.
Кристина денес има 83 килограми! Многумина сè уште не можат да се навикнат, ниту да ја препознаат.
Откако ослабнала, станала мајка и сега вели дека конечно се освоила себеси.
„Секогаш кога ќе видов дека иглата на вагата покажува дека сум се здебелила, престанувам да јадам на неколку дена. Се плашев дека повторно ќе останам заробена во куќата и дека нема да можам да живеам нормално“ – вели таа.
„Порано не можев да одам и по само неколку чекори ќе останев без здив. Сега се чувствувам одлично и можам да направам речиси сè што сакам, што е прилично одлично“, вели Кристина, која немаше поддршка на нејзиниот сопруг во текот на целиот процес.
Постојано се расправале, а Кристина станала вознемирена.
„Сфатив дека тоа е само моја борба и дека не можам да сметам на него“, изјави Кристина која се разведе и смета дека тоа е најдобрата одлука.