Илон Маск сака повеќе бебиња и повеќе нафта во светот

Сподели со своите пријатели

Најбогатиот човек на светот, Илон Маск, татко на десет деца, денеска им порача на луѓето „да прават повеќе бебиња“, но и да експлоатираат повеќе нафта и природен гас.

Loading...

„Верувајте ми кризата со бебињата е голема работа“, им рече 51-годишниот претприемач на новинарите во Ставангер, југозападна Норвешка, каде што треба да присуствува на енергетска конференција.

Запрашан за најголемите предизвици со кои се соочува светот, основачот на американскиот производител на електрични автомобили Тесла секако го спомена преминот кон обновливите извори на енергија, но веднаш продолжи со наталитетот.

Како што изјави, наталитетот е „една од неговите главни грижи, можеби помалку позната“.

„Важно е луѓето да имаат доволно бебиња за да ја одржат цивилизацијата“, смета Маск.

Пристигнувајќи во Ставангер со приватен авион, Илон Маск исто така рече дека на планетата сè уште и се потребни извори на фосилни горива.

„Мислам дека реално треба да користиме нафта и гас на краток рок бидејќи во спротивно цивилизацијата би пропаднала…особено овие денови со санкциите против Русија“, додаде Маск.