Илјадници документи на ЦИА за неидентификувани летачки објекти се достапни за преземање од интернет.
Документите се објавени на интернет благодарение на веб-страницата Блек Волт, управувана од Џон Гринвалд Јуниор, активист посветен на слободата на информирањето, пренесува РТ.
Архивата што може да се преземе е резултат на напорите на Гринвалд, кој поднел дури 10.000 барања за пристап до информации од јавен карактер и кој рачно скенирал над 2,2 милиони страници, кои сега се достапни на пошироката јавност за да може да ги преземе.
Некои од извештаите на ЦИА за НЛО се стари со децении, а американската разузнавачка агенција тврди дека сето тоа е во архивата за неидентификувани летачки објекти.
Сепак, Гринвалд наведува дека ЦИА не може да ги потврди ваквите тврдења.
Документите беа објавени пред крајниот рок што законот им го даде на државните органи да објавуваат извештаи за НЛО.
Документите објавени на оваа страница содржат бројни сведоштва за необјаснети контакти, но многу детали се сокриени.
Гринвалд тврди дека ЦИА не била многу подготвена да соработува кога станува збор за неговите барања и дека тие дури му го отежнале и со техничкото преземање на документите.