По завршувањето на рагби натпреварот во Австралија две девојки се бакнале, а фотографијата од нивниот канеж го обиколи светот.
Откако играле една против друга, партнерките Ванеса Фолиаки и Карина Браун емотивно се прегрнале и банкале по натпреварот. Бакнежот, кој го овековечил фотографот Адам Хед, со следбениците го споделила официјалната Фејсбук страница на Националната рагби лига, веднаш откако таа се најде во јавноста.
Австралиските медиуми пишуваат дека тоа е голем чекор за лигата „традиционално оптеретена со конзервативни и проблематични погледи кон различноста“.
Карина и Ванеса се во врска четири години.
Loading...