Кошаркарскиот клуб ”Куманово 2009” го најави новото засилување на своите редови со Игор Бјелиќ, доскорешен играч на КК Работнички.
Бјелиќ (27), кој настапува на позиција крилен центар, ланската сезона ја помина во екипата на КК Работнички, и во просек бележеше 6.6 поени и 3.8 скока по натпревар.
За Бијелиќ ова ќе биде трет македонски тим, со оглед на тоа што претходно го носеше и дресот на Фени индустри. Со овој ангажман, КК Куманово само го потврди епитетот на најактивен тим на пазарот летово, откако претходно го ангажираа Американецот Ентони Ли Инграм, а го обновија договорите со Урош Луковиќ, Вукашин Мандиќ, Марјан Јаневски и со Александар Костоски.
Сино-белите изминатиов период ангажираа и нов тренер, повратникот Љубисав Луковиќ.