Идна израелска министерка: Лекарите имаат право да не им помагаат на членовите на ЛГБТК заедницата

Сподели со своите пријатели

Еден од идните министри во кабинетот на Бенјамин Нетанјаху предложи на израелските лекари да им се дозволи да одбијат лекување на ЛГБТК пациенти поради религиозни причини.

Loading...

Нејзиниот говор ги засили стравувањата дека новата влада ќе претставува закана за правата на хомосексуалците.

Израелскиот претседател Исак Херцог ја осуди растечката анти-ЛГБТК реторика во неговата земја.

Улогата на израелскиот претседател е главно церемонијална

„Расистичките изјави во последните денови против ЛГБТК заедницата и другите делови од јавноста ме прават крајно загрижен“, рече Херцог.

Претседателот, чија функција е главно церемонијална, но сепак има одреден степен на авторитет, додаде дека таквата реторика ги поткопува израелските „демократски и морални вредности“.

Новиот министер за национални мисии, Орит Струк, од Верската ционистичка партија, даде контроверзна изјава за време на неделното радио интервју.

Јавноста сфати дека Струк имплицираше дека израелските лекари ќе можат да одбијат лекување на ЛГБТК пациенти според духот на законот што го подготвува нејзината партија и во согласност со коалициските договори кои предвидуваат измена на законот за антидискриминација.

Нетанјаху го осуди говорот на неговиот иден министер

Строук прецизираше дека лекарот може да одбие да лекува пациент ако тоа ги нарушува неговите религиозни убедувања „се додека има доволно други лекари кои можат да ја пружат оваа услуга“.

Loading...

Нетанјаху изјавите на идниот министер ги нарече „неприфатливи“ и ја демантираше тезата дека неговата нова влада ќе претставува закана за правата на хомосексуалците.

Сепак, критичарите предупредуваат дека Нетанјаху е премногу слаб за ефективно да ги контролира своите ултра-националистички и ултраортодоксни коалициски партнери кои се обидуваат да протуркаат закони кои се во согласност со она што тие го гледаат како божествено религиозно наследство, пишува Гардијан.