Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од југоисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималните температури ќе бидат во интервал од 4 год 10 степени, додека максималните дневни температури во државата ќе се движат од 21 до 26 степени целзиусови.
Во Куманвоо времето денес ќе биде сончево со умерена облачност и слаб ветер од јужен правец и максимална дневна температура од 23 степени целзиусови, која во текот на ноќта ќе се спушти на 7 степени.
Под влијание на топла воздушна маса од југ во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно и топло време за овој период од годината. Кон крајот на работната недела ќе има услови за локален дожд, а дневната температура ќе биде во опаѓање.