Променливо облачно со сончеви периоди ќе биде времето во текот на денешниот ден. Локално ќе има повремени врнежи од дожд и услови за ретки грмежи, особено во источните делови. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Loading...
Во Куманово нè очекува променливо облачно време со кратки сончеви периоди, но нè очекуваат и врнежи од дожд во комбинација со грмежи и југозападен ветер. Минималната температура ќе изнесува 12, а максималната дневна 24 степени целзиусови.
Националната хидрометеоролошка служба за четврток и петок има издадено повторно жолто предупредување за невреме со грмотевици, како резултат на нов голем влажен бран кој ќе ја зафати Република Македонија.