И чешките земјоделци ги донесоа тракторите во метрополата

Сподели со своите пријатели

Во главниот град на Чешка пристигнаа повеќе од 500 трактори, а пристигнуваат и повеќе возила, пренесува чешкиот портал Новинки.

Loading...

Насобраните земјоделци свиреа додека министерот за земјоделство Марек Виборни влезе во зградата на ресорното министерство.

Протестот е во организација на Синдикатот на земјоделските работници и Здружението на слободни синдикати.

Портпаролот на фармерите Даниел Стерзик рече дека демонстрантите бараат „владата да се изјасни дали сака да преземе чекори за спас на чешкото земјоделство“.

Земјоделците во земјите на ЕУ во последните месеци протестираат поради аграрната политика на Унијата, ниските цени на нивните производи и укинувањето на субвенциите за гориво наменето за земјоделството.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Обновливите извори сочинуваат над 30% од производството на електрична енергија во светот